4,2K
Изјавите на Конте досега беа најразлични, еднаш велеше дека го има најдобриот тим на фудбалери кои некогаш го тренирал, а другпат дека тимот нема капацитет за големи работи.
Неговите изјави предизвикуваа разни реакции, се шпекулираше дури и за негово заминување, а кога ќе излезеа такви вести Конте негираше.
Сега вели дека зад секоја негова реакција стои стратегија.
„Треба да разберете дека има стратегија зад моите реакции, секогаш кога ќе имаме прес конфернција има стратегија зад тоа“, вели Конте.
„По мечот со Барнли беше вистински момент да испратам вистинска порака, јасна порака за мене, клубот и за фудбалерите“.