Конте: Нема споредба меѓу Интер и Тотнем

by
1 минути читање

Конте со Интер успеа да ја сопре доминацијата на Јувентус и да го освои Скудетото по што се пресели во Тотнем со кој игра променливо.

„Кога претставниците на Интер дојдоа во мојот дом, тие побараа да освојам во рок од две години и ми дадоа можност да правам што сакам“, вели Конте.

„Со Тотнем искрено не сме зборувале за тоа. Можеби целта тука е друга бидејќи во Италија беше само Јувентус, и Милан и Наполи, но Јувентус беше првиот кој освои девет титули по ред“.

„Кога имате само еден противник и ги имате на располагање сите можности во клубот, тогаш сакате да освоите нешто за две-три години. За две години успеавме да го освоиме Скудетото и Интер сега е еден од најдобрите тимови во Италија“.

„Ситуацијата која ја затекнав тука е сосема различна, не може да се споредува со таа во Интер. Оваа сезона треба да бидеме фокусирани на тоа да завршиме што е можно на подобро место, а потоа ситуацијата ќе биде многу појасна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×