62
Антонио Конте
нема никаков интерес за преземање на кормилото на Барселона и Арсенал, ниту постојат контакти за едно од тие две сценарија, тврди Фабрицио Романо од „Скај Спорт Италија“, а наводно тој е во очекување на
нов проект за идната сезона.
Искусниот
италијански фудбалски стратег во моментов е без ангажман откако дојде до
обостран договор за раскин на соработката со Интер само неколку седмици по
освоеното Скудето.
Како дел од тој
договор со Интер, Конте не може да седне на клупата на ниту еден клуб од Серија
А за актуелнава сезона, а се поврзуваше со клупата на Барселона, Манчестер
јунајтед, односно Арсенал.