Конте: Може да направите грешка со вашата сопруга, но не и со напаѓачот

by
1 минути читање

Се врати
насмевката на лицето на предводникот на Тотнем, Антонио Конте по победата на
гости кај Манчестер Сити, а запрашан за важноста да се има во тимот искусни
фудбалери како Хуго Лорис и Хари Кејн, Италијанецот даде мошне интересен
коментар.

Еден мој мошне
добар и близок пријател би рекол
: Може да направите грешка со вашата сопруга, но не и со напаѓачот“ рече
Конте.

Според мене тоа
е најдобриот цитат кого јас го разбирам во фудбалот, нели е така? Можете да
направите грешка со вашата сопруга, меѓутоа не и со вашиот напаѓач, а ние
говориме за двајца исклучително добри фудбалери, Лорис и Кејн…
“ додаде
Италијанецот.

Тотнем со
победата над Манчестер Сити за момент ја надмина резултатската криза по трите
последователни порази во Премиерлигата, а со самото тоа се врати и во игра за
место во топ четири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×