159
Според
информациите кои ги објави „Телеграф“, Тотнем се подготвува за понуда до
Евертон, за нивниот 27 годишен голман Џордан Пикфорд, во кого Антонио Конте
планира да ја почне реконструкцијата во тимот на „Спарси“.
34 годишниот Хуго
Лорис е во финалната фаза од својот договор кој истекува идното лето, а Тотнем
е во потрага по голман за подолг рок, за што се верува дека Конте веќе ја донел
одлуката за Пикфорд.
Тотнем во летниот
преоден рок го ангажираше Пјерлуџи Голини на позајмица од Аталанта под
кормилото на Нуно Еспирито Санто, меѓутоа тој не успеа да се наметне посебно во
тимот, односно да докаже дека има капацитет за прв чувар на мрежата на „Спарси“.