Конте ги „пецна“ Шпанците: Џебе е поседот кога не креирате шанси, не постигнувате голови и не победувате

by
1 минути читање

Италија во недела
ќе се сретне со Англија во финалето на ЕВРО 2020, „аѕурите“ се пласираа на
завршницата откако на пенали ја совладаа Шпанија. „Црвената фурија“ го имаше
поседот на топката, доминираше на теренот но на крајот тоа не им беше многу од
корист.

„Го ценам Луис
Енрике, и како тренер и како човек“
– вели Антонио Конте во разговор со Газета
дело Спорт. „Започна нов циклус со талентирани млади фудбалери и Шпанија имаше
одличен настап на Европското првенство“.

„Но не се
сложувам со она што го прочитав и слушнав за натпреварот помеѓу Шпанија и
Италија. Многу се зборуваше за нивниот посед на топката и доминацијата на
теренот, но што треба да значи поседот и доминацијата, и што треба да донесат?“

„Според мене,
треба да донесат шанси за гол и опасни ситуации во шеснаесетникот на противникот. Од оваа гледна
точка, доминацијата на Шпанија не беше толку многу евидентна. Потребно е да се
види каква и колкава опасност била креирана, а не само посед на топката
.
Џабе е поседот доколку нема прилики
за гол, нема ситуации еден на еден“.

„Можете да ја
држите топката колку сакате, но доколку не крирате опасни шанси, не шутирате и
не постигнувате голови, на крајот нема да победите“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани