Конте денеска ќе биде промовиран во тренер на Тотнем

by
1 минути читање

Антонио Конте од синоќа е во Лондон каде ги имаше финалните преговори со Тотнем. Според Фабрицио Романо договорени се сита детали и договорот во текот на денешниот ден ќе биде потпишан.

Договорот ќе биде во трајност до 2023 година.

Фабио Паратичи сакаше да го донесе Конте во Тотнем уште во јуни, но тогаш двете страни не се договорија.

Сепак Паратичи не се отажа од идејата Конте да биде тренер на Тотнем и успеа во меѓувреме да го убеди Италијанецот.

Во јануари се очекува и ангажман на неколку значајни засилувања за тимот.

Конте е тренер кој е познат по своите големи барања и цврсти ставови, но и тренер кој носи трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани