Конте: Беше чудно тоа што го сторивме во преодниот рок за трансфери…

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Антонио Конте смета дека јануарскиот преоден рок за
клубот од Северен Лондон е доста чуден според него бидејќи „Спарси“ морале да
ги корегираат грешките од минатото на трансфер пазарот.

Тотнем се
ослободи од Деле Али, кој потпиша за Евертон, а Танги Ндомбеле, Брајан Хил,
Џовани Ло Селси и Џек Кларк исто така го напуштија клубот.

Навистина беше
чудно да ги испратиме сите тие фудбалери на позајмица, како и да продадеме еден
фудбалер во зимскиот преоден рок, можеби нешто погрешно се случувало во
минатото, навистина чудно поминавме во преодниот рок…
“ рече Конте.

Чудно е бидејќи
испраќаме четворица на позајмица, а еден го продаваме, едноставно треба да
заклучиме дека постоеле одредени грешки во минатото, обично се купуваат
фудбалери за да го подзасилите тимот, но доколку испраќате фудбалери на
позајмица кои сте ги купиле изминатите две или три години, тогаш тоа значи дека
нешто погрешно се случувало во минатото
“ додаде Италијанецот.

Искрено, пред да
пристигнам во Тотнем, односно кога го разгледував составот со кој располагаме,
ќе видите дека е доста вложено во тие фудбалери, особено ако говориме за
Ндомбеле и Ло Селсо, дури и Хил, сепак, ја споделуваме одлуката на клубот и
фудбалерите, но едноставно е, треба да заклучиме дека во минатото се случувале
грешки
“ заклучи Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×