Консеисао може да добие отказ уште овој викенд, Милан ќе изненади со изборот за нов тренер?!

by bojan
1 минути читање
Консеисао

Медиумите од Италија пренесуваат дека Сержо Консеисао може да добие отказ уште овој викенд доколку Милан киксне против Лече, со Мауро Тасоти како привремено решение на кормилито до крајот на сезоната.

„Росонерите“ неочекувано беа елиминирани во плеј-офот во Лигата на шампиони, па врзаа три порази во низа во Серија А и направија огромен чекор назад во битката за топ четири пласман.

Згора на се, оваа недела клубот беше турнат во хаос со контроверзните коментари на портпаролот на Сержо Консеисао, кои подоцна беа негирани.

Притисокот врз тренерот е голем, па неколку извори пренесуваат дека Сержо Консеисао викендов ќе добие отказ доколку Милан киксне против Лече.

Се шпекулира со името на Мауро Тасоти како привремено решение до крајот на сезоната, а потоа ќе пристигне ново име кое ќе го започне  новиот проект.

Газета дело Спорт пишува за изненадувачки кам-бек на Масимо Алегри – тренер победник, кој е способен да се прилагоди на составот кој му на располагање, и да го извади најдоброто од фудбалерите.

Како алтернативи се посочуваат Сеск Фабрегас и Роберто де Зебри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани