Конса го собори Аду: Ја оштетија ли Гана за пенал против Англија? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ремито без голови меѓу Англија и Гана во второто коло од Светското првенство донесе и спорен момент кој предизвика бројни реакции.

Ситуацијата се случи во второто полувреме кога Принс Аду се најде во добра позиција, а Езри Конса во обид да ја поправи грешката доцнеше во интервенцијата. Англискиот дефанзивец се фрли во последен момент и притоа оствари контакт со противничкиот фудбалер.

Играчите на Гана веднаш побараа најстрога казна, сметајќи дека Конса го соборил Аду во шеснаесетникот. Сепак, главниот судија не покажа на белата точка, а по проверката не следуваше ниту реакција од ВАР собата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×