93
Агуеро пристигна во Барселона како слободен играч, но се уште не дебитирал поради повреда.
Последните информации велат дека рехабилитацијата на Агуеро е пред самиот крај.
„Спорт“ тврди дека Барселона го пикирала 17 октомври како датум за дебито на Агуеро. Тоа е гостување на Местаља кај Валенсија.
Проекцијата е таа, но не се исклучува и одложување доколку работите не се одвиваат со предвидената динамика.