Конечно: Де Хеа одбрани пенал по 5 години и 40 обиди! (ФОТО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед за малку ќе испуштеше два бода на гостувањето на Олимпискиот стадион
во Лондон. Откако Џеси Лингард прекрасно погоди во 89. минута за 1-2, во
судиското надополнување домаќините добија пенал.

Дејвид Мојс реши специјално
за оваа пригода да го пушти во игра Марк Нобл, кој немаше промашено од белата
точка од декември 2016 година. Давид де Хеа сепак излезе како победник од овој
дуел и голманот конечно стави крај на црната серија.

Шпанецот последен
пат одбрани пенал во април 2016 (Лукаку во ФА Купот), и беше матиран во последните
40 обиди (вклучувајќи и пенал серии). Тој беше многу критикуван откако во
финалето од Лига Европа не одбрани ниту еден пенал, сите играчи на Виљареал ја
затресоа неговата мрежа, вклучувајќи го и неговиот колега од таборот на
„жолтата подморница“. Како тоа да беше малку, Де Хеа го промаши својот обид од
11 метри и Манчестер јунајтед остана без трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×