Конате по вестите за трансфер во Ливерпул: Кога го видов телефонот…

by
1 минути читање

„Атлетик“ денеска
извести дека дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате е близу до финализирање
на трансферот во англискиот првак Ливерпул.

Медиумот
истовремено додаде дека преговорите се во доста напредна фаза за потписот на 21
годишниот Французин, кој во изјава за „Л
Екип“ издвои дека по вестите за трансферот во Ливерпул телефонот му ѕвонел
од сите страни.

Се разбудив од
спиење бидејќи телефонот не престануваше да ѕвони, од сите страни ѕвонеше, јас
само сакав да им кажам
Луѓе,
имав натпревар вчера, оставете ме на мира
“ изјави Конате алудирајќи на неговиот настап за
селекцијата на Франција за фудбалери до 21 година во победата против
соодветната селекција на Русија.

За среќа, дури
не ги ни следам сиве овие шпекулации, не можеме да се фокусираме на тоа, пред
нас е Европското првенство, а потоа повторно ќе следат клупсите обврски, како
професионални фудбалери мораме да тоа да бидеме фокусирани, а истовремено да ги
избегнеме сиве овие шпекулации поврзани со нашата иднина
“ додаде стоперот.

Се верува дека
Ливерпул же го заклучи ангажманот на Конате за сума од 33 милиони фунти, а тој
пак, има договор со Лајпциг до 2023 година, меѓутоа откупната клаузула на
фудбалерот се чини дека е повеќе од примамлива за Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани