Од второлигашки тим до шампион на Швајцарија за само една година, Тун ја испиша една од најголемите приказни во сезоната, откако официјално ја освои титулата во елитното друштво.
Со овој успех, македонскиот интернационалец Елмин Растодер се закити со шампионска титула во Швајцарија.
Тимот на Тун одигра одличен финиш на сезоната, со серија добри резултати во последниот дел од есента и почетокот на пролетта, со што се искачи на самиот врв и дојде на чекор до историски успех.
И покрај тоа што во завршницата забележаа и пад во формата со неколку порази, веќе немаше дилеми околу шампионот, бидејќи три кола пред крајот ја обезбедија предноста.
Најголемиот конкурент, Сент Гален, денес доживеа пораз од 3-0 од Сион, со што остана недостижен во трката за титулата.
Интересен е фактот што пред точно една година, Тун го обезбеди враќањето во елитата, а 366 дена подоцна го освои и првиот шампионски трофеј во својата 128-годишна историја.