92
Алваро Мората е пред трансфер во Комо, дали зделката ќе се случи зависи од Галатасарај кој има договор за позајмица на шпанскиот напаѓач.
Комо ги договори личните услови со Мората, а се договори и со Милан кој е сопственик на фудбалерот.
Но, трансферот не може да се реализира без одобрување од Галатасарај кој има договор за позајмица на Мората.
Комо се надева дека во наредните денови ќе се надмине и таа пречка, Галатасарај и Мората ќе ја раскинат позајмицата и тој ќе може да потпише за нив.
Фото: X/Galatasaray