32
Италијанскиот клуб Комо кој е хит во последните години, ќе донесе една одлука која нема да им се допадне на сите фанови на клубот кој имаат сезонски билет.
Комо сака да почне да им ги одзема сезонските билети на членовите кои ги поседуваат, а не се појавиле на три домашни натпревари без валидна причина.
Клубот сака полн стадион на секој домашен натпревар почнувајќи од квалификациите за Лигата на шампионите.
Раководството не сака фанови кои само поседуваат сезонски билети, а одат исклучиво на дерби натпреварите. Сака лојални фанови кои го поддржуваат клубот на секој меч.
Сезонските билети би биле одземени од „дерби“ навивачите и би биле дадени на оние кои навистина им значи клубот.