Комити: Управата на клубот не сака Вардар да има навивачи во Кратово!

by Стефан
1 минути читање

Навивачите на Вардар подолго време се во конфликт со новото раководство на Вардар, а сега обвинуваат дека клубот сака фудбалерите да бидат без поддршка од најверните фанови на гостувањето во Кратово.

Вардар в недела игра против Силекс, а навивачите откриваат дека клубот не поднел пријава за гостински навивачи. Во реакцијата тие и ги повикуваат навивачите на масовно присуство.

„Управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!

Во таа насока, не беше поднесена пријава за присуство на гостински навивачи, чин кој доволно говори за нивниот страв од целата црвено-црна јавност, во која не спаѓаат веќе само ,,Комити”, туку и сите Вардарци. Оваа одлука е директен удар кон сите нас, кон се она што претставува клубот Вардар, кој во својата историја не помни полошо време и поголема безидејност!

Поради оваа одлука организираниот превоз се откажува. Меѓутоа…

Силата на Вардаровите навивачи, со вакви обиди ја тестирале и порано и никој досега не истерал со нас до крај. Овој клуб е наш и никој ниту успеал, ниту ќе успее, на било каков начин да не одалечи од него!

Во недела МАСОВНО ВО КРАТОВО!

Организирајте се со коли, ѕвонете секому!

Утре ќе се знае од каде се трга, што и како. До тогаш – екипите нека бидат собрани!“, стои во реакцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани