1,5K
Во претходниот викенд во Хрватска видовме една од најбизарните одлуки од воведувањето на ВАР технологијата во светот на фудбалот.
Имено, на средбата помеѓу Шибеник и Славен Белупо која заврши 1:1 гостите поведоа во втората минута со голот на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски. Но, овој гол бил постигнат од очигледен офсајд кој неверојатно е како не бил забележан од ВАР собата.
Судијата во прв момент ја прифати реакцијата на помошник и покажа недозволена позиција, сепак судиите во ВАР собата повлекоа линии по кои голот беше признат и покрај недозволената позиција во која беше фудбалерот на Славен Белупо.