Коло Туре се врати во Манчестер сити

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот, Коло Туре кој беше во Манчестер сити кога овој клуб го освои ФА Купот во 2011 година и дел од тимот кој ја освои титулата во 2012 година кога започнуваше големиот проект на овој клуб се врати на „Етихад“.

Туре кариерата како фудбалер ја заврши во 2017 година во Селтик, а набрзо потоа започна и тренерска. Прво ја предводеше селекцијата до 23 години на Брегот на Слоновата Коска, а потоа му беше помошник на Брендан Роџерс, прво во Селтик, па и во Лестер.

Самостојно го водеше Виган во 2022 година, но таа епизода ја заврши по само два месеци.

Сега по 18 месеци се враќа на работа и тоа како тренер на екипата на Манчестер сити до 18 години.

„Посебно ми е драго што ќе работам во клубот за кој играв и во кој поминав одличен период. Врската која ја имам со Манчестер сити ќе биде заасекогаш. Работев и со фудбалерите на позајмици. Многу сум среќен што добивам ваква прилика“, изјави Туре.

Првиот предизвик за Туре ќе биде полуфиналето во младинскиот ФА Куп против Вотфорд кое ќе се игра во петок навечер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани