Колку ќе треба да му плати Манчестер јунајтед на ПСЖ за да го добие Покетино?

by
1 минути читање

Според Џонатан Џонсон, експерт на „Скај Спортс“ за француски фудбал, Манчестер јунајтед ќе треба на ПСЖ да му плати 10 милиони евра за да го ангажира Покетино.

Покетино потпиша договор со ПСЖ на 18 месеци со можност за плус една година. Во меѓувреме таа екстра година двете страни ја активираа, па неговиот активен договор сега до јуни 2023 година.

„Во овој момент нема конкретен чекор од ниту една страна, тоа е тоа што го знам“, вели Џонатан Џонсон за „Скај Спортс Њуз“.

„Но, ако Манчестер јунајтед тропне на вратата на ПСЖ, ќе треба да го плати целосното обесштетување за Покетино кое се верува дека изнесува 10 милиони евра“.

„Во ПСЖ се свесни дека веројатно Зидан е заинтересиран да го наследни Покетино, тој би бил единствениот кандидат за наследник на Аргентинецот“.

Тој верува дека ПСЖ нема да се сложи да се ослободи од Покетино доколку Манчестер јунајтед не ја плати сумата од 10 милиони евра, и покрај тоа што знаат дека би можеле да го ангажираат Зидан. 

Во моментов ПСЖ е убедливо прв во Франција и нема пораз во Лигата на шампионите, па нема причина за отказ на Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×