Колку би загубил Јувентус доколку не успее да се избори за место во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Јувентус
заостанува цели 12 бода во однос на лидерот Интер во Серија А, па сосема
логично е дека многумина полека но сигурно ја отпишуваат „Старата дама“ во
битката за одбрана на титулата, меѓутоа сега се поставува и прашањето за место
во топ четирите екипи.

Разликата помеѓу
опонентите е тесна, а дуелот со Наполи денеска на домашен терен ќе донесе дел
од одговорите, а италијанските медиуми веќе известија дека евентуален пораз ќе
значи и отказ за Андреа Пирло.

Сепак за Јувентус
ќе значи и моментално губење на четвртото место на табелата, па во Италија се
позанимаваа и со таа тема, односно колку би загубил клубот од финансиска гледна
точка доколку не успее да обезбеди место во Лигата на шампионите идната сезона.

Се работи за сума
повеќе од 80 милиони евра, тврдат „Кориере дело Спорт“ и „Газета дело Спорт“, а
самиот клуб ушве во февруари годинава објави загуба од цели 113.7 милиони евра
за првите шест месеци од сезоната 2020/21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани