Кокеза си поднесе оставка, Видиќ ќе биде прв човек на српскиот фудбал?

by
1 минути читање

Славиша Кокеза неодамна беше приведен на информативен разговор бидејќи имал блиски врски со криминалецот Веља Невоља.

Веќе поранешниот претседател на ФСС, вели дека ќе продолжува да ги негира нападите дека и тој е вмешан во криминални афери, но поднесува оставка за да и обезбеди мир на репрезентацијата на Србија.

„Се повлекувам од претседателската функција пред се поради желбата да и го обезбедам неопходниот мир на репрезентацијата на стартот од квалификациите за Светското првенство. Ќе сторам се за да ги демантирам нападите врз мене“, вели Кокеза.

Немања Видиќ од поодамна јавно кажа дека сака да биде претседател на Фудбалската федерација на Србија, па со заминувањето на Кокеза се отвора вратата за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани