Која е вистината за Диоманде?

by riste
1 минути читање

Пред повеќе од една недела беше најавено дека трансферот на Диоманде во Реал Мадрид е завршена работа, но уште ништо не се случува, оваа сага во моментов предизвикува многу прашалници.

Фабрицио Романо пред извесно време рече дека работата е завршена, двете страни се договориле. Според него се чека Лајпциг да најде соодветна замена, па да го пушти во Реал Мадрид и трансферот да се реализира.

Други новинари велат дека се уште нема договор, преговорите меѓу двете страни се активни.

Лајпциг денеска замина на подготовки во Австрија, но со нив не отиде и Диоманде.

Официјалната верзија на Лајпциг е дека Диоманде има инфекција и поради тоа не е со нив во Австрија. Други пак велат дека не отпатува со остатокот од тимот бидејќи треба да стане фудбалер на Реал Мадрид и одбива да тренира со германскиот тим.

Многу различни верзии на информациите за Диоманде, многу прашалници. Вистината ја знаат само оние кои директно се инволвирани во оваа трансфер сага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×