Кој лаже, Рангник или Марсијал?

by
1 минути читање

Ентони Марсијал сака во овој преоден рок да си замине од Манчестер јунајтед и се чини дека затоа е исфрлен од тимот.

Рангник вели дека Марсијал одбил да игра, а фудбалерот го тврди спротивното.

„Ентони Марсијал не сакаше да биде во тимот, тој би бил во тимот нормално, но не сакаше и тоа беше причината што не патуваше со нас на овој меч“, вели Рангник.

Но, верзијата на Марсијал не е таква.

„Никогаш не сум одбил да играм натпревар за Манчестер јунајтед. Седум години сум тука и никогаш не сум изразил непочитување кон клубот и никогаш нема да го направам тоа, секогаш ќе го почитувам и клубот и фановите“, вели Марсијал.

Се очекува во наредните денови да се најде купувач за Марсијал и тој да замине од Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×