Њукасл денеска му врачи отказ на Стив Брус и наскоро треба да назначи нов тренер, се шпекулира дека најблиску до таа позиција е Пауло Фонсека.
Во меѓувреме италијанскиот новинар Алфредо Педула тврди дека Антонио Конте има посебни барања за да прифати договор со Њукасл.
52-годишниот стратег би сакал годишна плата од околу 15-20 милиони фунти и најмалку 3 до 4 врвни засилувања.
Но и без разлика на своите барања, според Фабрицио Романо, Конте не би прифатил работа на средина од сезоната.
Според него, Конте преферира да ги почнува проектите од почеток на сезоната со своја подготовка на тимот. Па пред да заврши оваа сезона тој не би прифатил да биде тренер на Њукасл, но и ниту на еден друг клуб.