Кога сонот ќе стане реалност: Борусија му даде договор на талентиран Италијанец

by 24 фудбал
1 минути читање

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Самуеле Инасио стави потпис на нов договор со германскиот гигант и останува во клубот до 2029 година.

18-годишниот офанзивен играч за врска доби доверба од раководството на „милионерите“ по одличниот напредок кој го прикажа оваа сезона, во која успеа да се избори за место во првиот тим. Италијанскиот младински репрезентативец пристигна во Дортмунд во 2024 година од Аталанта, а сезонава веќе запиша шест настапи за сениорскиот состав и постигна еден погодок.

Инасио важи за еден од најталентираните фудбалери од својата генерација, а во 2025 година беше и најдобар стрелец на Европското првенство за фудбалери до 17 години со репрезентацијата на Италија.

Интересно е што Самуеле е син на поранешниот бразилски фудбалер Пио Инасио, кој во кариерата настапуваше за Аталанта и Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×