Кога Мбапе ќе дебитира во дресот на Реал Мадрид?

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Навивачите на Реал Мадрид со нетрпение ќе чекаат да го видат Килијан Мбапе во белиот дрес, па многумина се прашуваат кога напаѓачот ќе дебитира за „кралевите“.

Килијан Мбапе во Реал Мадрид веројатно ќе биде најголемиот трансфер ова лето. „Кралевите“ попладнево ставија крај на неизвесноста и соопштија дека напаѓачот се обврзал на петгодишна соработка.

Сега останува само уште Французинот да биде промовиран како ново засилување, и прашањето кое ги интересира многумина, кога ќе биде дебито на Килијан Мбапе?

Како што пишува Марка, многу работи ќе зависат од настапот на Франција на Европското првенство.

Сите фудбалери кои ќе играат полуфинале или финале, ќе имаат продолжен одмор и нема да бидат дел од турнејата во САД, каде Реал Мадрид ќе се сретне со Милан, Барселона и Челси.

Па доколку Франција стигне до самата завршница на Европското првенство, дебито на Килијан Мбапе во дресот на Реал Мадрид ќе биде одложено, и навјверојатно ќе биде на 14. август и дуелот против Аталанта во Суперкупот на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани