„Кога ќе видам колкави плати имаме, срам ми е да кажам дека се жртвуваме“

by
1 минути читање

Баерн Минхен во
последните две години имаат потешкотии во преговорите со своите фудбалери за
продолжување на соработката. Шампионот на Германија смета дека нивните барања
се претерани со оглед на кризата од ковид-19 и со неколкумина не успеа да најде
компромис.

Давид Алаба
минатото лето ja напушти „Алианц Арена“ и се пресели во Реал Мадрид, неодамна
Николас Зиле соопшти дека заминува од Баерн Минхен, а се шпекулира дека нов
клуб си бараат и Роберт Левандовски и Серж Гнабри.

Леон Горецека,
кој е еден од фудбалерите кои пронајдоа компромис со раководството и ставија
потпис на нови договори, сега вели дека му е срам да говори за жртвување со оглед на милионските плати кои ги заработуваат.

„Да бидам искрен,
срам ми е да зборувам за жртвување кога ќе видам колкави плати имаме“
– вели Горецка, за кого се пишува дека има плата од 15 милиони евра годишно.

„На крајот од
денот, секој си знае за себе, но целиот пакет кој го добиваме во Баерн Минхен е
прилично атрактивен за секој фудбалер во светот. Парите не се најважната
работа, кога луѓето велат дека во преговорите се обидуваме да го исцедиме
клубот до последно евро, имаат погрешна слика“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани