188
Англија успеа да ја помине првата пречка во елиминационата рунда откако со 2-0 беше подобра од Германија во осминафиналето.
И покрај лошата форма и тоталното „отсуство“ на теренот во текот на претходните натпревари, како и зачестените критики на негова адреса и покрај фактот што постојано ја добиваше довербата на Герет Саутгејт, на Хари Кејн му падна камен од срце.
Кејн беше стрелец на голот со кој се потврди победата на „Гордиот албион“, а по мечот кај него дефинитивно проработеа емоциите, откако ги слушаше стотиците англиски навивачи како се уште пејат додека даваше изјави за медиумите.