Кога Донарума ќе тргне да го имитира Нојер (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Џиџо Донарума по преселбата во Париз никако да се наметне како прв избор помеѓу стативите. Покрај тоа што има силна конкуренција во Кејлор Навас, Италијанецот често знае да киксира.

Така беше и на синоќешниот натпревар против Марсеј, кога лошо процени една топка и им овозможи на гостите да изедначат на 1-1.

Во финишот од мечот, Џиџо Донарума тргна да го имитра Мануел Нојер, излезе на една топка, но потоа не знаше што да прави, па панично ја шутна во аут. Но наместо да ја испрати на трибини, им даде шанса на гостите да тргнат во брз напад. Кога виде дека може да прими нов гол, голманот ја зема топката и ја додаде на еден од своите соиграчи. Секако, за циркузот кој го направи доби жолт картон од судијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани