Според
информациите кои пристигнуваат, се вели дека претставници на офанзивецот на
Барселона, Малком веќе сериозно ги разгледуваат сите опции за Бразилецот да ги
напушти редовите што е можно побрзо од редовите на Каталонците.
21 годишниот
Малком се уште нема стартен настап во дресот на гигантот од неговиот трансфер
вреден 41 милион евра од Бордо изминатото лето, запишувајќи само два настапи за
Барселона влегувајќи од клупата за резервни фудбалери.
Два медиума од
Италија веќе пренесоа дека агентите на Бразилецот веќе имаат контакт со
калчолигашот Интер за евентуален трансфер во периодот кој претстои, за оваа
информација известија Калчомеркато и Калчоњуз24.
Нероаѕурите беа
заинтересирани за услугите на Малком уште во летниот преоден рок, но, Рома беше
во пол-позиција за неговиот договор, а потоа извиси откако пристигна повикот
кој не се одбива, барем според тоа како Бразилецот ја проследи таа ситуација.
Како и да е, истите
медиуми наведуваат дека Интер во моментов немаат желба да тргнат кон потписот
на Малком, а претходно од Барселона демантираа било каква загриженост околу
иднината на фудбалерот во дресот на Каталонците.