Кога Анчелоти му кажал на Роналдо дека мора да ослабне и дека не може да игра со 100 кг: Сакаш да трчам или да давам голови?

by
1 минути читање

Хамес Родригез
изминатово лето го напушти Реал Мадрид и се пресели во Евертон. Имаше многу
прашалници за тоа како ќе се снајде Колумбиецот на „островото“ поради
интензитетот на играта во Премиерлигата.

Фудбалерот брзо
се адаптираше
и со три гола и три асистенции помогна Евертон солидно да ја отвори новата
сезона.

„Кога го купивме
Хамес, многумина беа загрижени поради неговата физичка подготвенсот и како тој
ќе се справи со интензитетот на играта во Премиерлигата. Дали знаете колку
спринтови има направено до сега? Седум! Има повеќе асистенции и голови од
спринтови. Па прашањето е што треба да очекуваме од играчите на теренот?
“ –
вели Италијанецот.

„Кога бев во Милан,
го купивме Роналдо. Кога пристигна, имаше 100 килограми. Пред натпреварот му
реков, „Знаеш дека не можам да те пуштам во игра. Мораш да ослабнеш“. Тој ми
одговори, „Што сакаш да правам на теренот? Да трчам или да дадам гол? Ако треба
да трчам, оставиме на клупа, ако треба да постигнам гол, пуштиме во игра“. Го
пуштив во игра. Не трчаше, но дададе два гола. Па според мене, истото важи и за Хамес“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани