Кочаман со предупредување до Елмас

by
3 минути читање

Нашиот 18 годишен
интернационалец од редовите на турскиот гигант од Истанбул, Елиф Елмас го
импресионираше шефот на стручниот штаб на Фенербахче, Ајкут Кочаман за време на
подготовките во Белек, за тоа пред извесен период пренесоа речиси сите тамошни
медиуми.

Според информациите, на
фантастичните перформанси на младиот Македонец осамнал во сенка турскиот
репрезентативец Озан Туфан, кој се поизвесно е дека ќе го загуби местото во
тимот.

Елмас го импресионираше Кочаман, турски репрезентативец отпаѓа од плановите на Фенербахче поради талентираниот Македонец!

Со заминувањето на
искусниот Робин Ван Перси од тимот, се отвори можност за уште еден странец во
составот на Фенербахче, повеќе нема дилеми дека Елмас ќе добие шанса во вториот
дел од сезоната во турската Суперлига, но, нашиот репрезентативец, добил
предупредување од Кочаман.

Јас сум многу среќен од
твоите перформанси во кампот во Анталија. Од ден на ден ти ќе бидеш се подобар
и подобар. Ти си премногу важен за иднината на клубот, но секогаш биди
професионалец во тоа што го правиш, биди на земја. Заедно со Огуз Каган, вие
сте иднината на Фенербахче на подолг период. Ќе добиеш голема шанса за
докажување во вториот дел од сезоната, во тоа нема никакви сомневања, но мораш
да се сконцентрираш само на фудбалскиот живот, грешките кои ги направи Озан
Туфан нека ти бидат пример за тебе, јас ќе бидам со тебе, ќе продолжам со
работата со тебе и верувам дека ќе успееш
“ била пораката која Кочаман му ја
упатил на Елмас, а за ова потврдија повеќе медиуми во Турција.

Со тоа што наполни 18
години, Елмас доби дополнителни две години на претходно потпишани три години
договор со Фенербахче каде има обврска на верност со клубот до 2022. година,
тимот од Истанбул веќе одби висока понуда за Македонецот и тоа од француски
Лион кој нудеше десет милиони евра за нашиот репрезентативец, но истата понуда
беше одбиена.

 

Извор: ajansspor.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани