Кочаман имал специјална средба со Елмас, познати се детали!

by
1 минути читање

Неколку медиуми
во Турција пренесоа дека Елиф Елмас сака да си замине од Фенербахче бидејќи не
ја добива посакуваната минутажа од страна на шефот на стручниот штаб на таа
екипа, Ајкут Кочаман.

Познато е дека
тие не се баш во најдобри односи во изминатиов период, особено по оној старт на
нашиот фудбалер на мечот против Бешикташ во младинска конкуренција по која
тамошните медиуми пренесоа дека Кочаман не сакал ниту да го види Елмас.

Сепак, Кочаман
имал специјална средба со нашиот репрезентативец по сето тоа што се случи, а
познати се и детали од истата.

Верувам во тебе,
ќе дојдат подобри денови, верувам во тоа, јас се наоѓам во ситуација кога не
смеам да ризикувам, мораме да ги добиваме натпреварите кои претстојат
“ му рекол
искусниот фудбалски стратег на Елмас.


Извор: sporundibi.com

Пред извесен
период турските медиуми пренесоа дека Елмас бил следен од скаути на Манчестер
Сити, Борусија Дортмунд, ПСВ, како и Феенорд, за време на неговите настапи за
националниот тим на Македонија за фудбалери до 18 годишна возраст. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани