Клубовите од Премиерлигата добија зелено светло за контролки, но под посебни услови

by
1 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата добија зелено светло од фудбалските власти за одигрување на
контролни натпревари пред рестартот на актуелната сезона, предвиден да се случи
на 17. јуни, а застојот на сезоната е од разбирливи причини, поради пандемијата
предизвикана од коронавирусот.

Според пишувањата
на „Телеграф“, постојат и услови кои им се поставени на клубовите во случај да
организираат пријателски натпревари, првичниот услов е да нема официјални лица
во однос на арбитрите, делењето на правдата на контролките ќе биде обврска на
стручните штабови.

Во однос на
другите услови кои се споменуваат на Островот, се вели дека клубовите нема да
можат да патуваат повеќе од 90 минути, а фудбалерите би патувале на
натпреварите со сопствени возила.

Пред да се
реализира контролен натпревар, за што клубовите имаат дозвола тоа да го сторат
на сопствените стадиони или тренинг центри, најнапред треба целосно да се
погрижат за ризикот од пренесување на Ковид-19 да го сведат на минимум.

Се верува дека
секој фудбалер поединечно кој ќе биде инволвиран во контролен натпревар треба
да има негативен тест за коронавирус во тестирањето претходно, меѓутоа, фактот
што оваа дозвола која клубовите ја имаат да организираат контролки меѓу себе, е
секако добра вест за самите клубови во подготовките кои веќе ги обавуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×