21 годишниот Мароканец
изминативе две години блеска во редовите на Борусија Дортмунд и се промовиреше
во еден од најдобрите десни бекови. Ова лето ќе се одлучува неговата иднина,
и според последните информации, големи се шансите тој да направи трансфер во
Баерн Минхен.
Како што
пренесува АС, шампионот на Германија е подготвен на Реал Мадрид да му плати 60
милиони евра, а на играчот да му даде „галактико“ плата од 6-7 милиони евра по
сезона, што е многу повеќе од сумата која тој ја заработува во моментов.
Весникот додава
дека Ашраф Хакими не сака да биде резерва на Сантијаго Бернабеу, и го известил
раководството на „кралевите“ дека нема намера да се врати доколку треба да му
ја грее клупата на Дани Карвахал, кој е прв избор на Зинедин Зидан
Играчот преферира да продолжи во Бундеслигата,
првенство во кое успешно се адаптираше, Борусија Дортмунд сака да го задржи, но
прашање е со каков буџет ќе располагаат „милионерите“ со оглед на тоа дека пандемијата на коронавирус ги остави во беспарица најголемиот
дел од клубовите од Бундеслигата.
Очигледно ова не важи и за Баерн Минхен, „баварците“ имаат неколку скапи желби како Лерој
Сане од Манчестер Сити, Каи Хаверц од Баер Леверкузен и сега Хакими Ашраф од
Реал Мадрид.