Клубот на легендарниот Роналдо заинтересиран за Енис Барди!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално се раздели со Трабзонспор и е во потрага по нова средина.

Од Шпанија се појавија информации дека тој може да се врати во Ла Лига. Заинтересиран за потпис со Барди е клубот на легендарниот бразилски Роналдо, Реал Ваљадолид.

Според најавите, Ваљадолид му понудил договор на Барди и се очекува да влезат во преговори за потенцијален потпис. Барди има искуство во Ла Лига бидејќи со успех ги бранеше боите на Леванте.

Сепак, во последните сезони кариерата му одеше во надолна линија од различни причини и недоразбирања со тренерите во Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани