Клуб од Балканот имал понуда до Буфон, а неговиот агент го откри името

by
1 минути читање

Легендарниот
италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати онаму каде што почна неговата голема
и успешна авантура во фудбалот, Парма.

Меѓутоа, како што
неговиот агент Силвано Мартина открива, една од опциите на Буфон била и Црвена
звезда.

Имавме многу
понуди, постоеа шест-седум клубови кои беа сериозно заинтересирани, помеѓу нив
имаше и клубови од Бразил, тоа беа навистина добри понуди, меѓутоа поради
семејни причини истите не можеа да бидат земени во предвид
“ рече Мартина.

Пред Буфон да
потпише за Парма не контактираа од Црвена звезда, меѓутоа тој поминувајќи крај
Парма почувствува силни емоции и во тој момент падна конечната одлука, тоа беше
толку романтично…
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×