Клуб Бриж со гол од пенал во 94. минута ја сруши Аталанта во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Клуб Бриж славеа против Аталанта (2-1) во првиот натпревар од плеј-офот на Лигата на шампионите.

Натпреварот на „Јан Брејдел“ во белгискиот град Бриж заврши со домашно славје кое дојде во последните секунди од натпреварот.

Поведоа Белгијците со голот на Јутгла во 15. минута од натпреварот по асистенција на Талби. Пред полувремето Марио Пашалиќ успеа да донесе израмнување за својот тим, па Аталанта имаше добра позиција пред вториот дел.

Притисна тимот од Бергамо, доминираше на теренот и имаше неколку шанси. Голманот Мињоле добро се снајде, фати неколку добри можности за гостите, а потоа стигна шокот во судиското продолжение.

Хиен беше многу невнимател, удри ривал со рака во трка за топката и Клуб Бриж доби пенал. Сигурен од 11 метри беше Нилсон за 2-1 и победа на белгискиот претставник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани