Клоп за ситуацијата на Салах: Јас летоска не се појавив на роденденска забава на близок пријател, но свадба на вашиот брат…

by
1 минути читање

Мохамед Салах го навлече гневот откако се зарази со коронавирус на должност со репрезентацијата на Египат. Многумина му замеруваат за неодговорно однесување, фудбалерот присуствуваше на свадбата на својот брат и само неколку дена подоцна доби позитивен тест на ковид-19.

Египјанецот со специјален авион се врати во Ливерпул и сега ќе чека негативен тест за да продолжи со секојдневните обврски.

„Мо се врати, процедурата е стандардна, му треба негативен тест за да тренира и игра фудбал. Се чувствува добро, нема симптоми“ – вели Јирген Клоп.

„За другата работа, свадбата на неговиот брат, јавно нема да кажам ништо. Ова е работа за која се дискутира приватно“.

„Можам да ви кажам дека летоска кога бев во Германија, мој близок пријател ја помести роденденската забава за да можам да присуствувам. Присуствуваа пеесетина луѓе, а јас во последен момент решив да не се појавам“.

„Тоа е само роденденска забава и тогаш беше дозволено да се организираат вакви настани во Германија. Беше на отворено, сите тие работи, но јас решив да не одам“.

„Сепак, во други земји и други ситуации, има поголем социјален притисок. Свадба на вашиот брат е навистина специјален момент“.

„Јас можам да кажам дека нашите играчи се навистина дисциплинирани и знаат каква е ситуцијата. Некогаш може да нема никакви проблеми, но некогаш може да има проблеми“.

„Се останато е помеѓу мене и Мо, веќе разговаравме и се во ред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×