Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека животот е премногу краток за
да се грижи за успесите на неговите ривали до Премиерлигата, Манчестер Сити,
односно Манчестер јунајтед, првите се со една нога во финалето од Лигата на
шампионите, а воедно и мошне близу до титулата во Премиерлигата, а вторите се
близу до финале од Лига Европа, но и место за вицепрваци во Премиерлигата.
„Ние сме
одговорни за тоа што ни се случи сезонава, бевме постојано инволвирани во
изминатите неколку години константно во полуфиналиња, како и битка за самите
титули, не знам дали нашите ривали се чувствувале лошо во тие периоди, но се
надевам дека не е така, јас лично не сум таква особа“ рече Клоп.
„Тие заслужуваат
да бидат во денешната ситуација во која се, таков е фудбалот, тоа е фер и
коректно, Манчестер Сити освои премногу натпревари сезонава, а Манчестер
јунајтед повторно го повтори тоа што го стори во 20 наврати сезонава, пресврт
против Рома, имам лоши моменти сезонава од други причини, а не поради тоа што
нашите ривали победуваат повеќе натпревари од нас“ додаде германскиот фудбалски стратег.
„Тоа не е мој
проблем, мојот единствен проблем е со противникот во предвидениот викенд, а
воопшто не помислувам во стилот ‘О, боже, Сити и Јунајтед повторно победуваат’“ подвлече предводникот на „Редсите“.
„Животот е
премногу краток за да имам такви грижи, ќе ги предизвикаме повторно идната
сезона, но оваа сезона можеме само да ја завршиме сезоната на најдобар можен
начин на кој што можеме, немаме ништо со полуфиналиња или финалиња“ заклучи
Клоп.