Клоп упати критики кон навивачите на Ливерпул за хомофобичните скандирања кон Гилмур

by
1 минути читање

Ливерпул тргна со
убедлива победа од 0-3 кај Норич во првото воведно коло од новата сезона во
Премиерлигата, меѓутоа навивачите на гостинскиот табор имаа одредени скандирања
и песни кон домашниот фудбалер Били Гилмур кои воопшто не му се допаднаа на
предводникот на „Редсите“, Јирген Клоп.

Дел од
скандирањата на навивачите на Ливерпул беа и во стилот „Момче на Челси за
рентање
“, а хомофобичните скандирања кон позајмениот фудбалер од Челси наидоа
на критики од поголемиот дел од јавноста.

Навистина не би
можел да разберам зошто некој за време на фудбалски натпревар би скандирал одредени зборови или песна која се
противи на нешто во општеството
“ рече Клоп.

Не можам да го
разберам тоа, не ми се допаѓа, во нашиов случај, ние како клуб можеби ги имаме
најубавите навивачки песни во светот, лесно е ја донесеме одлуката да не пееме
такви песни повеќе, а тоа ќе го сториме уште денеска
“ додаде германскиот
фудбалски стратег.

Тоа не е наша
песна повеќе, не знам дали луѓето би ме послушале, но би било добро така да
биде, едноставно не сакам да го слушнам тоа повеќе, поради повеќе причини,
нашите преубави песни од навивачите ни даваат поттик на теренот, но ова е
непотребно, а доколку верувате во тоа што го скандирате, тогаш сте идиоти

нагласи Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×