Ливерпул без сомнение ќе дојде до трофејот од Премиерлигата, тие 30 години не биле шампиони на Англија и овој пехар се чека со посебна возбуда.
Но поради коронавирусот тимот на Ливерпул не може да парадира со трофејот низ улиците на градот.
„Не е убаво кога не можете да прославите на начинот на кој сте сонувале дека ќе го направите тоа. Се чувствувам исто како и фановите. Не е идеално да прославите сами на стадионот и потоа да си одите дома“, вели Клоп за германскиот „Скај Спорт“.
„Не ми се допаѓа тоа, но не можеме да го промениме сега. Зошто да правиме голема работа од нешто кое не можеме да го промениме?“.
„Ќе дојде ден кога животот ќе се врати во нормала. Кога некој ќе најде вакцина, кога некој ќе најде решение за проблемот, кога ќе има нула заразени, тој ден ќе дојде. Тогаш ние ќе имаме право да прославиме онака како што сакаме“.
„Доколку се игра 12 или 13 коло од следната сезона, и ние сакаме тој период да прославиме, кој ќе нè спречи? Тогаш се уште ќе го имаме трофејот кај нас и ќе можеме да го шетаме низ градот качени на автобус. Доколку другите луѓе мислат дека сме тотално луди, искрено гајле ми е“.
„Дали тогаш прославата се уште може да биде специјална? Нема збор за тоа. Поразлично ќе биде, но некогаш поразличното е апсолутно добро“.