Ливерпул синоќа загуби два бода откако одигра 1-1 против Тотнем на Енфилд. Ова реми може скапо да ги чини во трката за Премиерлигата. Ако досега за нив беше доволен и кикс на Манчестер Сити во вид на реми, сега им одговара само пораз на тимот на Пеп Гвардиола.
По мечот, Јирген Клоп го спореди стилот на Тотнем со оној на Атлетико Мадрид. Затворен фудбал со контра-напади во кој целта е да не му се дозволи на противникот да игра.
„Не ми се допаѓа тој вид на фудбал, но тоа е мој личен проблем. Мислам дека тие се светска класа и можат да направат повеќе за играта, мене не ми се допаѓа како играат, но тоа е мој личен проблем. Фудбалери од светска класа, ги блокираат сите топки и многу е тешко да се игра. Атлетико Мадрид го прави тоа истото, во ред е тоа, ги почитувам, но не ми се допаѓа“, вели Клоп.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.