Клоп со 110 милиони фунти го купува дуото на Вулверхемптон за уште посилен Ливерпул

by
1 минути читање

Ливерпул веќе некое време се поврзува со Адама Траоре, експлозивниот играч на Вулвс кој оваа сезона со своите настапи го привлече вниманието на големите клубови.

Но, весникот „Сан“ тврди дека Клоп во пакет со Траоре го сака и Рубен Невес. За таа цел Ливерпул е подготвен да одвои 110 милиони фунти.

Со Невес, Клоп сака да го освежи средниот ред поради нејасната иднина на Вајналдум и Набу Кеита.

Вајналдум се уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а актуелниот му истекува во 2021 година, додека Кеита не покажа она што се очекуваше од него по доаѓањето во Лајпциг иако за него беше одвоена сериозна сума на пари.

Се очекува по крајот на сезоната Џердан Шакири да си замине од Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×