Клоп: Слушнав дека имало заразени во Манчестер јунајтед и Тотнем, а поим немам кои се тие

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп јавно повика на транспарентност во
фудбалот во однос на ширењето на заразата со ковид-19, а го впери прстот кон
Манчестер јунајтед и Тотнем каде имаше целосен молк на таа тема.

Ние немаме што
да криеме, нашата најголема грижа е момците да бидат здрави, доколку некој се
разболи а вие ме прашате за тоа, јас би ви кажал дека тој е разболен, доколку
има скршен прст, јас би ви кажал дека има скршен прст
“ рече Клоп.

Ова е навистина
тешка ситуација во која сите се наоѓаме, едната сигурно е пандемијата, а
другата индивидуалните повреди, но мораме да пронајдеме начин за да поминеме
низ сиве овие проблеми
“ додаде тој.

Ливерпул, сосема
спротивно од обата ривали, јавно посочи дека Вирџил ван Дајк, Фабињо и Куртис
Џонс не се достапни поради тоа што триото имало суспектни тестови за ковид-19.

Навистина сметам
дека разменувањето на информациите е од голема помош за сите, секое погрешно
или лажно информирање носи само лага за луѓето, само кажете како е, а потоа
продолжете понатаму
“ наведе германскиот фудбалски стратег.

Знам дека
антиваксерите ќе кажат дека Клоп рекол да се вакцинираме, а неговите фудбалери
се заразија со вирусот, но можете да поминете полесно, мислам дека треба да
зборуваме за тоа, постојат многу работи кои едноставно не ги разбираме
“ рече
тој.

Слушнав дека
Манчестер јунајтед се соочил со неколкумина заразени фудбалери со ковид-19, но
немам никаква претстава кои се тие, истовремено немам претстава кои биле
заразените во Тотнем, не знам колку е тоа потребно, да не се знае ништо во еден
отворен свет тоа е помалку чудно
“ потенцираше Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×