Големото финале
за титулата од АФКОН е предвидено да се одигра во недела со почеток од 20
часот, а во него учество ќе земат Египет на Мохамед Салах, како и Сенегал на
Садио Мане.
Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп се произнесе околу очекувањата за тоа
кога би можел да смета на двоецот ѕвезди.
„Јас очекувам тие
да бидат во комбинација за настап за мечот против Лестер, но ќе видиме“ рече
Клоп.
„Селекцијата која
ќе победи веројатно ќе се врати во својата земја да ја прослави титулата со
својот народ, таква е праксата“ додаде Германецот.
„Сепак, мислам
дека вторник или среда веќе ќе ги имаме во нашиот тим, ќе треба да разговарам
со нив, одиграа неколку натпревари“ заклучи Клоп.