Ливерпул преку социјалните мрежи им препорача на своите фанови да не излегуваат од хотелот дури ни за јадење бидејќи ризикуваат да бидат ограбени или нападнати.
На прес-конференцијата Јирген Клоп беше запрашан што мисли за тоа, дали Неапол е безбеден град. Германецот кажа што мисли, но беше прилично нервозен.
„Тоа е срамно прашање од вас, вие сакате да креирате наслови, навистина не го разбирам тоа, вие сте од Неапол, дали мислите дека градот е опасен? Јас не знам, јас не живеам нормален живот во Неапол. Јас сум заштитен тука одам и одам до хотелот и вие ме прашувате што мислам јас за Неапол. Вие знаете точно за што зборуваат луѓето, доколку некои навивачи се сретнат со други навивачи, нешто може да се случи, тоа нема никаква врска со градот, па не знам. Но јас не сум тука да креирам наслови за вас и доколку не знаете веќе што да прашате, нема проблем бидејќи јас би сакал да се вратам во хотелот да бидам искрен и да се фокусирам на натпреварот“, изјави Клоп.
When Klopp shuts down a reporter pic.twitter.com/O3aqPLkPdY
— Kev LFC (@KevLfc19) September 6, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.