Ливерпул синоќа со 5-1 победи на гостувањето кај Порто, по два гола дадоа Салах и Фирмино, еден постигна Мане.
Пред овој меч, Ливерпул одигра 3-3 на гостувањето кај Брентфорд. Клоп за мечот со Порто излезе само со една принудна промена во однос на тој дуел, на местото на повредениот Александер Арнолд, играше Џејмс Милнер.
„Прво и основно најважен е резултатот, ова беше голема победа во Порто. Начинот на кој дојдовме до неа ја прави уште подобра“, вели Клоп.
„Одигравме паметно и добро во многу моменти. Можевме да видиме дека Порто го гледал нашиот последен меч во Брентфорд па стартуваа директно. Повторно имавме потешкотии, но момците се луѓе и тоа е една од причините поради кои не направив промени за денешниот меч, сакав проблемите од Брентфорд да ги решаваме на мечот со Порто и го направивме тоа, чекор по чекор“.
„Во првото полувреме можеби не постигнавме убави голови, но беа важни. Во вториот дел го кнтролиравме натпреварот. Порто имаше големи проблеми денеска, еден централен дефанзивец загуби поради црвен картон, а потоа и Пепе не можеше да игра. Мислам дека овој нивен тандем кој настапи вечерва никогаш порано не играл заедно и тоа требаше да го искористиме“.
Следен меч на Ливерпул е големото дерби против Манчетер Сити кое се игра во недела на Енфилд.