Клоп признава дека не е среќен поради изданието на Лено (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал и
Ливерпул синоќа настапија во комбинирани состави за разлика од претходниот дуел
во Премиерлигата, а на крајот „Топчиите“ беа тие кои се радуваа, и тоа по
изведување на пенали откако претходно резултатот остана без голови.

Дека Ливерпул
доминираше доволно говори и статистиката од таа пресметка, а шефот на стручниот
штаб на „Редсите“, Јирген Клоп особено не е среќен поради изданието на голманот
на противникот, инаку негов сонародник Бернд Лено, кој беше одличен, особено во
второто полувреме.

И лично му го
кажав тоа дека не сум среќен поради неговите перформанси
“ рече Клоп по мечот,
кој додаде дека сепак неговите избраници покажале квалитет, но, недостасувале
погодоците.

Имавме навистина
убави моменти на мечот, како тренер посакував да погодевме, но истовремено и да
бидеме креативни, покажавме квалитет, меѓутоа сето тоа не функционираше,
можевме да бидеме многу подобри во завршницата од нападите, но на крајот
налетувавме на Лено кој имаше навистина предобро издание
“ додаде Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани